Британската влада предупредена за плановите на Париз да го ослаби кралството

© AFP 2017 / Adrian Dennis

Специјалниот претставник на лондонски Сити, Џееми Браун, смета дека Франција има намера „активно да го поткопува и разурнува“ финансискиот сектор на Велика Британија по нејзиното излегување од Европската унија, пишува весникот The Dauly Mail повикувајќи се на извештајот во кој имал увид.

Според пишувањето на весникот, претходно Браун водел преговори во министерството за финансии и во централната банка на Франција, сенатот и амбасадата на Велика Британија, се сретнал со челниците на банки, политичари и дипломати.

За исходот од средбите тој составил извештај за министерството за финансии на Велика Британија, во коешто заклучува дека Париз има цел „да ја ослаби Велика Британија“. Браун истакнал дека „француските претставници шетаат низ Лондон нудејќи им големи суми на компаниите за тие да ги префрлат своите претставништва во Париз“.

Според Браун, „во интерес на Централната банка на Франција е многу тешкиот Брегзит“. Тој во споменатиот извештај истакна дека Франција гледа на Велика Британија „не како на партнер, туку како на противник“.

На референдумот кој се одржа на 23 јуни 2016 година, неочекувано но со тесно мнозинство Британците се одлучија Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија. Процесот на излегувањето официјално започна на 29 март годинава, а напуштањето на Унијата според членот 50 од Лисабонскиот договор, треба да биде завршен точно по две години, на 29 март 2019 година.