Руската армија уништила неколку борбени авиони „МиГ-29“ и противвоздушни ракетни системи „С-300’ на украинските сили, извести британскиот воен аналитичари Александр Меркурис на својот блог на YouTube.
„Украинските авиони кои изведуваа операции на фронтот полетуваа од воздухопловната база крај Днепропетровск. Најверојатно беа уништени четири ‘МиГ29’. Тоа е дел од руската стратегија на линијата на судирот во којашто се уништуваа ударните способности на вооружените сили на Украина“, вели аналитичарот.
Како што наведува Меркурис, тоа била „кошмарна ноќ“ за Киев, бидејќи освен изгубените летала, украинската армија загубила и четири противвоздушни системи „С-300“.
Претходно руското Министерство за одбрана извести дека руските воздушни сили уништиле три украински ловци „МиГ-29“ и четири воено-транспортни авиони од типот „Ан-26“. Исто така, во саботниот извештај за борите во Украина, руската страна тврди дека биле погодени и четири системи „С-300“, како и германски противвоздушен ракетен систем IRIS-Tист
Истовремени во саботата по овие информации, британското Министерство за одбрана на платформата Х објави дека рускиот стратешки бомбардер кој претходно седмицава се урна на руска територија „веројатно“ го погодиле и вели дека тоа е „прв пример на стратешки бомбардер соборен од страна на украинските противвоздушни системи“.
„Многу е веројатно дека Русија до денес (од почетокот на војната во февруари 2022 година) претрпела загуба од најмалку 100 борбени авиони“, тврди Лондон без показатели на што ги темели своите пресметки.
Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук тврдеше дека ова е првпат такво летало да биде успешно соборено со проекти.
Воени блогери на социјалните мрежи анализирајќи ги снимките од падот изразија големи резерви дека стратешкиот бомбардер од типот „Ту-22М3“ бил соборен со проектил. Снимките имено покажуваат дека авионот има запален еден мотор и се врти во оска додека паѓа, кај Ставропол на стотици километри далеку од линијата на фронтот од каде што и дејствуваат овие авиони. Покрај тоа, експертите потсетуваат дека бомбардерите „Ту-22М3“ дејствуваат со заштита од противвоздушни системи како и од двоец ловци кој ги елиминираат заканите од проектили и непријателски летала.
Руското Министерство за одбрана објави дека истрагата за падот на авионот во саботата сѐ уште трае, но дека прелиминарните податоци укажуваат дека станува збор за технички проблеми, како и дека при катапултирањето на четиричлениот екипаж веднаш загинал еден од пилотите.