Британски боксер почина по нокаут во рингот

Британскиот боксер 29-годишниот Шериф Ловал почина откако беше нокаутиран во своето професионално деби во неделата. Според британските медиуми, Португалецот Малам Варела го соборил Лавал удирајќи го во слепоочницата во четвртата од шесте предвидени рунди.

Судијата Ли Евер почна да одбројува, но веднаш застана кога ја виде состојбата на Ловал. Лекарите му помагале во рингот околу 20 минути, користеле и дефибрилатор, по што бил пренесен во блиската болница „Нортвик Парк“, каде подоцна била констатирана смрт.

„За жал, за време на борбата на Шериф, тој колабираше и покрај најдобрите напори на болничарите, подоцна беше прогласен за мртов“, се вели во соопштението на промоторите „Warren Boxing Management“.

Борбата меѓу Ловал и Варела беше прва на програмата во лондонски „Harrow Leisure Center“, а настанот потоа беше откажан.