Британски патолог првпат во историјата го наведе загадувањето на воздухот како причина за смртта

Британски патолог првпат во историјата на земјата го потврдил загадувањето на воздухот како причина за смртта и во со нетрпение очекуваната одлига оценик дека тоа придонело за починување на едно деветгодишно девојченце во Лондон.

„Заклучувам дека загадувањето на воздухот претставуаше материјален придонес за смртта на Ела Аду-Киоси-Дебра во 2013 година“, изјавил патолого на лондонскиот округ Саутварк, Филип Барлоу.

Ела Аду-Киси-Дебра починала на 15-ти февраури 2013 година од тежок напад од астма по триесеттина хоспитализации во изминатите три години поврзани со болеста. Живеела во Луишам, помалку од 30 метри од обиколницата Саут Сиркулар, јужно од Лондон.

Правосудство во 2014 година заклучило дека починала од акутно затајување на респираторниот тракт предузвикано од тешката астма, а не од загадувањето. Овие заклучоци беа поништени во 2019 година и апелацискиот закажа нови сослушувања поради научните откритија, особено извештајот на британскиот експерт за загадување на воздрухот, Стивен Холгејт од 2018 година.

Холгејт утврдил поврзаност меѓу хоспитализациите на Ела и високите нивоа на азот диоксид (NO2) и честичките кои лебдат, најштетните загадувачи, во близина на нејзиниот дом.

Филип Барлоу утврдил дека причините за смртта како прво е акутно затајување на системот за дишење, како второ астмата од која девоченцето боледувало и како трето изложеноста на загадувањето, чиешто ниво ги надминувало препораките на Светската здравствена организација.

„Загадувањето на воздухот е важен фактор кој придонесува за покренување и влошување на астмата. Мајката на Ела не била информирана за здравствените ризици, а доколку била, би ги презела мерките кои би можеле да ја спречат смртта на Ела“, појаснил Барлоу.