Британски полицајци со електрошокер смирувале 91-годишна жена

Британски полицајци во 91-годишна жена вперила електрошокер, ѝ ставиле лисици и качулка преку главата за да ја спорат по кавга со негувател

Метрополитенската полиција на Лондон соопшти дека старицата била вознемирена и наводно плукнала еден од полицајците кога биле повикани во нејзиниот дом во Пекам на 9-ти мај. Ѝ ставиле лисици, мрежеста качулка и го впериле електрошокерот пред да ја одведат в болница.

Поради овој инцидент еден полициски службеник веќе е суспендиран, а петмина други се ставени на ограничени должности па немаат контакт со јавноста.

Независното биро за полициско однесување (IOPC) истражува што навистина се случило, а главниот контролор на детективите Себ Адџеи-Адох изјавил дека не смее да открива поединости од инцидентот.

„Иако не сакам однапред да го осудувам овој процес, полицајците знаат дека мора да можат да оправдаат секаква употреба на сила или спречување, а тоа ќе го очекуваме и од полицајците вклучени во овој инцидент“, рекол Адџеи-Адох.

Додал дека се залага за транспарентност, како и дека на член на семејството на жената му било дозволено да ги прегледа снимките од инцидентот направени од камерите за видео надзор.