Повеќе од 70 британски пратеници се потписници на писмото упатено до министерството за внатрешни работи во кое го повикуваат министерот да осигури соочување на Џулијан Асанж со властите во Шведска ако оваа земја реши да упати барање за екстрадиција.
Основачот на WikiLeaks се наоѓа во британски притвор откако речиси седум години мина во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што се засолни криејќи се пред американското правосудство кое побара негово израчување откако споменатиот интеренет ресурс објави 250.000 дипломатски белешки и околу 500.000 тајни документи за активностите на американските војски во Ирак и во Авганистан. WikiLeaks објави илјадници тајни документи кои покриваат области од филмската индустрија до националната безбедност и војните.
Авастралиецот Џулијан Асанж во четвртокот го уапси британската полиција откако Еквадор му го ускрати азилот, обвинувајќи го дека работел против властите на оваа латиноамериканска земја.
Шведска разгледува повторно покренување на истрагата против Асанж поради обвинување за силување и сексуално вознемирување. САД го бараат неговото предавање во врска со едно од најголемите разоткривање на владини тајни во историјата во 2010 година.
Во писмото до британскиот министер за внатрешни рабори, Саџид Џавид, 70 британски пратеници, повеќето опозициски лабуристи, го повикуваат министерството за внатрешни работи да „застанат зад жртвите на сексуалнтоо насилство“ и да осигураат обвинениејата за силување против основачот на WikiLeaks „темелно да се истражат“.
Во петокот вечерта министерката за надворешни работи Емили Торнбери рече дека Асанж треба да ѝ биде предаден на Шведска пред каков и да е обид да биде предаден на САД. Асанж ќе биде сослушен за можно екстрадирање во САД на 2-ри мај. Обединетите нации од своја страна апелираа за почитување на правата на Асанж на праведно судење во текот на каков и да е постапка за екстрадиција.