Американските технолошки гиганти „Google“ и „Apple“ одредуваат како луѓето ги користат своите мобилни телефони, ускратувајќи им во своите системи избор на важните функции, предупредува британскиот регулатор за пазарна конкуренција CMA.
Двете посочени компании ја искористеле својата пазарна моќ за да креираат, горе-долу самодоволни екосистеми, а можноста за диктирање на условите за достапност до одредени апликации во нивните системи може да доведе и до повисоки цени, утврдиле во CMA во прелиминарната истрага.
„Apple и Google нѐ држат во челична прегратка, стриктно контролирајќи како ги користиме мобилните телефони и нѐ загрижува дека тоа може да оди на штета на милиони луѓе ширум Обединетото Кралство“, изјави извршниот директор на CMA, Андеа Косчели.
Извештајот на CMA изнесува низа опции коишто би можеле да ги решат индентификуваните проблеми, предлагајќи, на пример, на корисниците да им се олесни преминувањето од iOS на „Apple“ и Android на „Google“ на другите оперативни системи, со зачувувањето на сите функции и податоци.
Во агенцијата, исто така, истражуваат и дали сопствениците на мобилните телефони можат да користат и други опции за инсталирање на апликациите, покрај Apple App Store и Google Play Store.
Следниот чекор ќе биде консултации за резултатите од прелиминарнаа истрага за „Apple“ и „Google“ која ќе заврши на 7-ми февруари следната година. Завршниот извештај би требало да биде објавен до јуни 2022 година.
Во CMA годинава што изменува се насочиле на големите технолошки групаци со основање на нов оддел за дигиталните пазари и неодмана му наложија на сопственика на социјалната мрежа „Facebook“ преименуваната компанија „Meta“ да ја продаде Giphy, популарната платформа за анимирани слики која ја купи во 2020 година.