
Високиот суд на Велика Британија го отфрли барањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за враќање во земјата на златните резерви во вредност од околу две милијарди американски долари, депонирано во шипки во трезорот на британската централна банка Bank of England (BoE).
Британската судијка Сара Кокерил пресуди во полза на ткн влада на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо во врска со назначувањата во централната банка на Венецуела од Гуаидо, пренесува AFP.
Од пресудата произлегува дека одлуките на Врховниот суд на Венецуела, кои ги поништија назначувањата на Гуадо, не може да бидат признаени согласно англиското право. Една од причините, како што се наведува во пресудата, е „големиот број поддржувачи“ на претседателот Мадуро во судството.
Венецуела уште во 2018 година побара од Британија пристап до своето злато, но тогаш наводно испораката беше запрена поради тешкотии околу безбедноста на превозот на толкав товар во злато. Потоа британските регулаторни власти соопштија дека Bank of England одбила да предаде околу 550 милиони долари во злато, колку што тогаш вредеа депозитите, кои си ги бара Венецуела. Банката се одлучила на тој чекор поради растечката несигурност во врска со тоа што Каракас планира да стори со златните прачки.
Во февраури 2019 година по сигнал до Вашингтон, тогашниот опозиционер и претседател на парламентот, Хуан Гуаидо, се самопрогласениот за привремен претседател на Венецуела, што го признаа САД и педесетина нивнисојузници во светот, вклучително и Велика Британија. Воедно САД им тогап наметнаа дополнителни санкции за уште повеќе да ја ослабне нафтената индустрија на оваа земја, членка на OPEC, од којашто сега во заднината на украинската војна и санкциите против Русија, бараат да го зголеми извозот на својата нафта.
Но во јануари 2021 година државите челници на Европската унија не ја признаа легитимноста на привремениот претседател Хуан Гуаидо во Венецуела, што претходно го бараше Европскиот парламент. Гуаидо „останува привилигиран соговорник“, но ЕУ не го смета повеќе за легитимен повремен претседател, беше соопштено тогаш од Брисел.