Британски суд: Прогонот на барателите на азил во Руанда е законски

Високиот суд во Лондон оцени во понеделникот дека е законит исклучително контроверзниот законски предлог за прогон на барателите на азил во африканската земја Руанда додека не биде решено нивното барање, со што на британската конзервативна влада ѝ донесе победа во периодот на рекордно високата бројка на обидите за нелегални преминувања во Велика Британија преку Ла Манш.

„Судот заклучи дека британската влада постапила според законот кога ги донела мерките за барателите на азил да ги испраќа во Руанда, како и дека нивното барање треба да биде решавано во Руанда а не во Велика Британија. Мерките кои ги донела владата не се во спротивност со Конвенцијата за бегалците“, се наведува во пресудата којашто ја објави лондонскиот Висок суд.

Во април годинава владата на тогашниот премиер Борис Џонсон склучи договор за кој постоеја сомневања со властите на Руанда за прогон во оваа африканска земја на мигрантите кои илегално влегле во Велика Британија, наместо како досега нивното барање за азил на што имаат право да го чекаат во некој од центрите за згрижување во земјата домаќин.

Владата на Џонсон го претставуваше овој потег како инструмент кој треба да ги обесхрабри мигрантите во обидите илегално да влезат во Велика Британија со чамци преку Ла Манш од француското крајбрежје.

Досега не беше остварено ниедно преместување на мигрантите во Руанда, бидејќи првиот лет со мигранти беше затворен по одлуката на Европскиот суд за човекови права, но владата на сегашниот британски премиер Риши Сунак продолжува со мигрантските политики на неговите претходници.

Судската одлука донесена во понеделникот се однесува на барањето коешто го поднесоа организациите за помош на мигрантите меѓу кои се Care4Calais, Detention Action и Asylum Aid, како и синдикатот на јавните служби PCS.

Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (UNHCR) интервенираше истакнувајќи дека земјата на прием на кандидатот за азил мора да има „минимум сигурен и праведен систем“ за азил, а што Руанда го нема и затоа таквата политика би виделе кон „тешки ризици и кршење“ на Конвенцијата на ОН за правата на бегалците.

Британските конзервативци ја ставија борбата со илегалната имиграција во самиот центар на нивната кампања за излегувањето од Европската унија, но сега велат дека бројот на мигрантите кои се обидуваат да го минат каналот е најголем досега. Така, официјален Лондон тврди дека од почетокот на 2022 година 45.000 мигранти дошле на британска почва, наспроти 28.526 претходната 2021 година.

Синдикатот на јавните служби PCS смета дека прогонот на барателите за егзил е „неморален и незаконски“, а организацијата Care4Calais оцени дека е „свиреп“ овој законски предлог.

„Бегалците ги претрпеле ужасите на војната, мачења и гонења и сега им се заканува голема траума на прогонување во непозната иднина. Тоа кај нив ќе предизвика страв, анксиозност и немерлива несреќа“, соопштија од Care4Calais.

На судското рочиште правните застапници на владата тврделе дека договорот со Руанда ќе им обезбеди на мигрантите коишто ќе бидат протерани постапка нивната кандидатура за азил да биде обработена на „сигурен и ефикасен“ начин.

На почетокот октомври министерката за внатрешни работи Сју-Елен Касијана „Суела“ Бревермен, родена Фернандез, изјави дека нејзиниот „божикен сон“ е „да видам авион кој полетува …. за Руанда“.