Kвази нафтен тајкун намамувал девојки ветувајќи им декa ќе им помогне во светот на модата.
Британскиот милионер со години држел во заложништво девет манекенки со кои имал седум деца во својот харем во познатото летувалиште Коста дел Сол.
Уапсен е откако една од жените успеала да побегне и да го пријави во полиција.
Педесет и шестгодишниот бинисмен сите модели ги запознал во Лондон, претставајќи им се како пријател на Обама и Путин. Им ветувал отворање на вратите на модната индустрија мамејќи ги да појдат со него на неговиот луксузен имот уреден во арапски стил, а потоа таму ги држел под закана за физичко и психичко насилство. Секако откако дошле во неговата вила со десет спални соби тие морале да спијат со него, а седумте деца кои ги добил со нив се на возраст од девет месеци до седум години.
Овој тајкун е по потекло од Иран, а во харемот навраќал повремено, бидејќи живеел во соседната вила.