Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави во вторникот дека антивирусниот лек „ремдисивир“ веројатно е најзначајниот чекор досега направен во лекувањето на пациентите заболени од Covid-19.
„Ова е веројатно најголемиот чекор во напредувањето во третманот од почеокот на кризата“, изјави на Хенкок на прес-конференцијата на владата.
Неговата изјава следеше по најавата дека Британија овој лек кој го произведива компанијата „ Gilead Sciences“ ќе им го дава на некои од пациените.
Британското министерство за здравство претходно објави дека клиничките испитувања ширум светот покажуваат дека лекот го скратува периодот на заздравување од Covid-19 за четири дена.
„Ова се многу рани чекори, но решителни сме да ја поддржиме науката и проектите кои ветуваат“, рече Хенкок.
Владата во Лондон соопшти дека препишувањето на лекот ќе се заснова на лекараската процена за тоа кој од него ќе има најголема полза. Но не кажа колку пациенти ќе го земаат лекот.
Американскиот национален институт за здравство минатата седмица објави дека податоците од испитувањето на „ремдесивир“ покажуваат дека тој е најефикасен кај пациенти на кои им е потребно дополнително количество кислород, но не и респиратор.
Научниците, исто така, наведуваат дека веријотно лекот би бил поефикасен во комбинација со уште некои за лекување на Covid-19, имајќи ја предвид смртноста и покрај користењето на „ремдесивир“.
Од компанијата „ Gilead Sciences“ соопштија дека очекуваат резултати од нивната студија за влијанието на лекот кај пациентите до крајот на овој месец.