Британскиот парламент не поддржа ниедна алтернативна опција за брегзитот

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија остана во понеделникот на мртва точка откако парламентарците не успеаја да се договорат за ниедна алетернатива за договорот за раздружувањето на премиерката Тераз Меј.

По бурната седмица во коајшто законодавците по третпат ја отфрлија стратегијата на премиерката за напуштањето на ЕУ и покрај нејзината понуда дека доколку го излгасаат договорот ќе отстапи од должноста, останува нејасно како и во која насока во иднина ќе се одвива брегзитот.

За да излезат од ќорсокакот, пратениците во понеделникот гласаа за четири алтернативни опции за брегзитот, но ниту една од нив не доби доволен број гласови. Предлозите беа постојана царинска унија со ЕУ, договор за брегзит во ткн „норвешки стил“, потврден референдум за која и да е опција којашто ќе ја усвои парламентот и планот за отповикување на членот 50 од Договорот за ЕУ како опоследно средство за спречување излегување од Унијата без договор.

Да добие мнозинство најблиску беше предлогот Британија да се задржи во царинска унија со ЕУ, но таа опција беше поразена со три гласа 276 наспроти 273 гласа. Предлогот за потврден референдум за кој и да е договор, пак, доби најмногу гласови но беше поразен со 292 наспроти 280 гласови.

Министерот за брегзит, Стивен Баркли, рече дека парламентот уште еднаш ја пропуштил можноста да изнајде мнозинство за која и да е опција, пренесува Reuters. По објавувањето на резултатите, изјави дека и натапи ставот е дека Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ на 12-ти април.

По една од најтурбулентните седмици во поновата историја на британската политика од референдумот во 2016 година, и натаму останува сосема нејасно како, кога и дали воопшто Британија ќе го напушти европскиот блок во кој е 46 години.

Напуштањето на ЕУ на референдумот од 23-ти јуни 2016 година го изгласаа 52 отсто од изборачите, а 48 проценти беа против. Следната година премиерката Тереза Меј извести за намерата да се напушти Унијата на 29-ти март 2019 година според членот 50 од Лисабонскиот договор за ЕУ. Меѓутоа, договорот кој по речиси две години мачни преговори го склучи со Брисел трипати не доби поддршка во Долниот дом на парламентот, поради што вбрегзитот е одложен барем до 12-ти април, а некои парламентарци повикаа и да се повлече од референдумската одлука.