Британскиот здравствен регулатор размислува да ја ограничи употребата на вакцината против Covid-19 на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“, поради загриженоста за згрутчување на крвата, објави во вторникот магазинот The Times.
Ваквата одлука, како што се наведува во написот, веќе во вторникот може да ја донесе Агенцијата за контрола на лекови и медицински производи (MHRA).
Според соговорници на The Times, агенцијата „има сѐ повеќе аргументи во полза на педлогот за младите лица, барем на возраста под 30 години, некоја друга вакцина“.
Во саботата MHRA објави дека седум лица починале во Велика Британија поради згрутчување на крвта откако против коронавирусот биле вакцинирани со препаратот на англо-шведската фармацевстска компанија „AstraZeneca“. Претходно во петокот националниот регулатор соопшти дека кај 30 лица во Велика Британија се развиле згрутчување на крвта откако биле вакцинирани со „AstraZeneca“. Тромбоза на церебралните венски синуси е забележана во 22 случаи, а во другите осум случаи се потврде и други видови на тромбози. Притоа од MHRA забележаа дека, сепак, придобивките од вакцинацијата ги надминува сите несакани ефекти.
Од MHRA забележуваат дека нема регистрирано вакви случаи кај оние кои ја примиле вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“ со којашто исто така масовно се имунизираат граѓаните во Велика Британија.
Од почетокот на март се појавуваат информации за опасни компликации кај пациенти кои се вакцинирани со препаратот на „AstraZeneca“ во земји членки на Европската унија. Прва за вакците појави алармираше Австрија, каде средовечна медицинска сестра кај која била дијагностицирана мултипла тромбоза по вакцинирањето починала 10 дена по имунизацијата, а нејзина колешкa е хоспитализирана со белодброна емболија. По Австрија, вакви случаи беа приајвувани и во Италија, Норвешка и други европски земји.
Досега немаше информации за вакви случаи во Велика Британија, каде што се користи вакцината на „AstraZeneca“ која не се произведува во истите погони како онаа која се користи во Европа. Претходно MHRA, по спроведено истражување, објави дека вакцината на овој производител е безбедна и препорачана за употреба.