Научниците потврдуваат дека сојот на коронавирусот откриен во Велика Британија е поопасен отколку изворната форма на патогенот SARS-CoV-2, се наведува во извештајот на владината Советодавна група за ризици и појава на нови респираторни вирусот (NERVTAG).
Стручњаците ги проучувале податоците за случаите на Covid-19 од водечните медицински институции во Лондон и откриле дека новиот сој на вирусот е за 30 до 70 отсто посмртоносен. Истовремено, истражувачите истакнуваат дека иако сите статистички податоци го потврдуваат ваквиот тренд, натамошното истражувања на истите материјалу се неопходни за да се утврдат причините и попрецизните показатели за смртоносноста на сојот VUI-202012/01.
Научниците претпоставуваат дека зголемениот ризик од смртен исход е поврзан со зголеменото вирусно оптоварувања при зараза со британскиот сој на коронавирусот, што предизвикува и потешка форма на болеста.
Кон средината на ланскиот декември во Велика Британија беше идентификувана нова мутација на коронавирусот SARS-CoV-2 која беше означена со VUI-202012/01. Беше потврдено дека новиот сој е позаразен меѓу 56 до 70 отсто во однос на „оригиналната“ варијанта на вирусот. Уште тогаш британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека новата мутација е за 30 отсто посмртоносна од дотогашните соеви и е за 70 отсто позаразна, но досега не се појавија официјални научни потврди.
Во последните два месеца потврдени се инфекции со сојот VUI-202012/01 во најмалку 80 земји во светот. Покрај него, во циркулација се уште два соја на кои предупредуваат научниците, кои беа првпат идентификувани во Јужноафриканската Република и во Бразил, исто така, кон крајот на минатата година.