Британскиот сој на коронавирусот е значително посмртоносен

Високазаразниот сој на коронавирусот SARS-CoV-2 којашто се рашири во повеќе од сто земји во светот откако кон крајот на 2020 година беше идентификуван во Велика Британија, е посмртоносна меѓу 30 до 100 отсто во однос на другите верзии на вирусот, објавија во средата британските научници.

Резултатите во истражувањата со коешто се споредувала стапката на смртта меѓу британското население заразено со новата варијанта SARS-CoV-2, позната под ознаката B.1.1.7, во однос на стапката меѓу заразените со другите соеви, покажале дека смртноста од новата варијант е „значително поголема“, објавија научниците.

Варијантата B.1.1.7 првпат е идентификувана во Велика Британија уште во 2020 година, а од тогаш е откриена во сто земји и региони во светот.

Во својот генетски код овој сој има 23 мутации, што е релативно голем број на промени, а некои од нив се пособни за побрзо ширење. Британските научници велат дека овој сој е меѓу 40 и 70 отсто позаразен од претходно доминантните варијанти на коронавирусот кој циркулираше.

Резултатите од британската студија, објавени во средата во стручното списание British Medical Journal, укажуваат на тоа дека инфекцијата со новиот сој довела до 227 смртни случаи на примерок од 54.906 пациенти со Covid-19, во споредна со 141 смртен случај на истиот број пациенти заразени со другите соеви на вирусот.

„Во комбинацијата со способноста за побрзото ширење, варијантата B.1.1.7 претставува закана којашто треба сериозно да се сфати“, вели Роберт Чејлен, научник од Универзитетот Екстер и еден од коавторите на истражувањата.