Британскиот сој на Ковид-19 пристигна во Велес?

Пред околу десетина дена велешанка која била во посета на нејзината ќерка во Лондон, Велика Британија добила симптоми на зараза со корона вирус два дена по враќањето. Таа се лекувала во домашни услови поради лесната клиничка слика но нејзиниот сопруг веќе шести ден е на лекување на Инфективното одделение во велешката болница. Се уште нема информација дали кај овој пациент е изолиран британскиот сој на Ковид-19, но сомнително е што велешанката ги добила симптомите по враќањето од Лондон, пренесува порталот „Велес365“.

Истата на тестирањето е потврдена како позитивна на Ковид-19. Позитивен тест на Ковид-19 добил и нејзиниот сопруг.

Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на минатата година, а според последните податоци на СЗО веќе е проширена во 70 други земји.

Голем дел од европските земји воведуваат мерки и затвораат граници поради опасноста од овој сој.

Мутацијата на британскиот сој на коронавирусот ја има и во Македонија откако на 27 јануари Министерството за здравство потврди дека е детектирана кај 46 годишен маж од Скопје кој во епидимиолошката анкета навел дека не патувал во странство, што наведува на фактот дека од овој тип на вирус веќе се заболени други лица.