Британскиот сој на вирусот идентификуван во приватна лабораторија во Скопје, при анализа на примероци од јануари

Министерството за здравство ја информира дека во средата при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во  јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на „Клиниката Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот SARS-CoV- 2.

Станува збор за 46-годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22-ри јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од Институтот за јавно здравтство, пациентот првпат на 29-ри декември 2020 година, поради зголемена температура и отежнато дишење, направил брз тест, кој имал позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4-ти јануари 2021 година, пациентот се јавил на преглед во приватната болница „Клиника Жан Митрев“ каде му е направен PCR тест кој исто така бил позитивен, а пациентот бил веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15-ти јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти, ниту, пак, навел дека патувал надвор од државата, според Минитерството за здравство.

Лабараторијата во болницата „Клиника Жан Митрев“ со посебна PCR метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која e проследeна до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат ткн „британскиот сој“ се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај другите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран овој сој на коронавирусот SRAS-CoV-2.