Британските јавни финансии се соочуваат со воен сценарио бидејќи се обидуваат да го компензираат ударот од новиот коронавирус врз компаниите по пат на зголемување на јавната потрошувачка и задолжување, соопшти денеска државната независна Канцеларија за буџет.
– Буџетскиот дефицит на Велика Британија за време на Втора светска војна достигна до 20 проценти од бруто домашниот производ, сега не е време Владата да се возменирува поради порастот на долгот, изјави шефот на Канцеаријата, Роберт Кот.
Се очекува британскиот министер за финансии Риши Сунак во текот на денот да најави нови економски мерки за поддршка на економските субјекти.