Британскиот премиер Борис Џонсон денеска сподели добри вести за спортските фанови во Британија, кои како што рече е можно да се вратат на трибините од октомври, пренесува „Би-Би-Си“.
Пилот проектите ќе започнат од први август, а отварањето на стадионите ќе биде строго контролирано и со посебни протоколи поради коронавирусот.
Фудбалските спортски натпревари и крикет се веќе вратени во живот но позади затворени врати и со публика од пред малите екрани.