Британските осигурители плаќаат рекордни штети, ги обвинуваат климатските промени

Осигурителните компании во Обединетото Кралство платиле рекордни 1,4 милијарди фунти во текот на вториот квартал гоинава за штети предизвикани од временските настани како што се пожари и поплави предизвикани од климатските промени, како што се тврди во соопштението Здружението на британски осигурителни компании (ABI).

Просечната цена на осигурувањето на домот во земјата се зголемил за 6 отсто квартално на 396 фунти во вториот квартал, а просечната премија за комбинирана полиса скокнала за 19 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Сопствениците на домови и бизниси во Велика Британија подеднакво се борат со штетите предизвикани од бури, силен дожд и замрзнати цевки. Побарувањата за штета на домовите достигнаа 144 милиони фунти во разгледуваниот период, петти последователен квартал во кој штетите поврзани со временските услови надминаа 100 милиони фунти, објави ABI во понеделникот.

Зголемените поплави во Велика Британија поради излеаните реки и блокираните одводи ги натераа осигурителите да се откажат од пружањето покривања на штетите, особено за комерцијалните имоти и изнајмувачите на станови, соопшти здружението.

Здружението најави и дека неизоставно потребната реформа на системот за планирање со фокус на превентивните мерки, е суштинска за подобра заштита на земјата од климатските промени.

„Итната владина акции за справување со поплавите на површинските води и инвестициите во одржувањето на одбраната од поплави ќе помогнат да се намалат идните штети од поплавите“, вели Луиз Кларк, советничка во ABI.

Лондон беше меѓу британските градови погодени од поројни поплави минатата седмица по невремето со летните дождови, додека од другата страна на Атлантикот неколку југоисточни американски сојузни држави беа поплавени од тропската бура Деби, што повторно ги потсетува осигурителите на зголемените ризици од климатските промени и урбанизацијата.