Британското кралско семејство, односно кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, заедно со принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, ја примија веста за раѓањето на ќеркичката Лилибет на прицот Хари и неговата сопруга Меган Маркл и се „пресреќни“, објави во неделата Бакингемскиот дворец.
Неколку часа претходно портпаролот на Хари и Меган и нивната фондација соопштија дека војвотката од Сасекс во петокот во Калифорнија го роди второто дете на двојката, Лилибет „Лили“ Дијана Моунтбатен-Виндзор.
Со соопштението на Кралицата, којашто стана прабаба по 11-ти пат, така се придружија и таткото и братот на принцот Хари, на момент надминувајќи ги очигледните недоразбирања во кралското семејство.
„Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвол, како и војводата и војвотката од Кембриџ, беа информирани за раѓањето на ќерката на војводата и војвотката од Сасекс и се многу среќни за тоа“, се вели во соопштението на Бакингемскиот дворец кој ги употреби титулите од коишто пред три седмици ја советуваеш двојката да се откаже по интервјуто на принцот Хари кое откри непријатности за односите во семејството.
Принцот Чарлс и Камила Паркер честитката од свое име до Хари, Меган и Арчи ја објавија на својот официјален профил на Twitter со фотографија на тројката.
Принцот Хари и Маркл веќе добија бројни честитки од политичари, актери и јавни личности од целиот свет, вклучително и од британскиот премиер Борис Џонсон, како и од лидерот на бротанската опозоциска Лабуристичка партија, Кри Стармер.
Војводата и војвотката од Сасекс во неделата објавија дека Лилибет Дијана е родена на 4-ти јуни. Девојченцето кое при раѓањето тежело 3,5 килограма, е во осмиот наследен ред на британскиот трон. Името го добила во чест на прабабата Елизабета Втора којашто во детството во тесниот семеен круг ја викале Лилибет, како и по бабата принцезата Дајана, мајката на принцовите Хари и Вилијам која трагично загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година по разводот од принцот Чарлс.
Принцот Хари и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл во моментов живеат во Санта Барбаа каде го подигнуваат синот Арчи, роден на 6-ти мај 2019 година. Двојката се пресели во САД во февруари минатата 2020 година, откако објави дека се откажува од статусот членови на кралското семјество поради желбата за финансиско осамостојување.
Вистинската причина за овој потег на војводата и војвотката до крај не се јасни, а британските медиуми објавија повеќе различни верзии. Многумина од коментаторите на случувањата околу Бакингемскиот дворец ваквиот потег го припишуваат на замореноста на двојката од постојаното внимание на жолтиот печат, кој според признанието на принцот Хари, започна вистинска кампања на малтретирање на неговата сопруга и ширење невистини за неа. Други, пак, посочуваат на кавгите во кралското семејство, особено меѓу Хари и неговиот брат Вилијам.