Британското кралско семејство бесно поради објавените фотографии од Кејт со гол задник

Германски „Билд“ прв ја објави фотографијата која го овековечи моментот кога ветерот и го подигна здолништето на војвотката за време на турнејата во Австралија.

Фотографиите им биле понудени на британските медиуми кои со „згрозување“ одбиле да ги објават, но ја пренесуваат веста за „безобразлукот“ за останатите кои ја пуштија во јавност.

Зарди почит кон сопругата на принцот Вилијам, британските весници наместо тие фотографии објавиле црни квадрати односно цензурирана везрија, пишува Мондо.

Ова не е првпат, фотографиите на Кејт да предизвикаат бурни реакции. Пред две години принцот и војвотката го тужеа францускиот магзин кој објави фотографии на кои Кејт е топлес за време на летувањето во Франција. Италијанските и австралиските таблоиди беа критикувани поради објавување на бремена Кејт во бикини.