Бритни Спирс шокирана од разводот

Американската 41-годишна поп-ѕвезда Бритни Спирс им порача на своите обожаватели дека „повеќе не можела да ја поднесе болката“, но дека ќе остане силна откако нејзиниот сопруг 29-годишниот модел и фитнес-тренер Хесам „Сем“ Ашгари поднел барање за развод.

Документите поднесени во судот во Лос Анџелес откриваат дека Ашгари се повикува на „непомирливи разлики“, како и дека тие живееле раздвоени три седмици пред поднесувањето на барањето.

Спирс досега не ги коментираше вестите за разводот на социјалните медиуми, а во нејзината последна објава на Instagram пред денешната само спомен дека планира да купи куќа.

Спирс во саботата првпат проговори за разводот, откако медиумите известија за тоа кон средината на седмицата, во долгата објава на Instagram проследена со видео на коешто танцува.

„Како што сите знаат, Хесам и јас веќе не сме заедно… шест години е долго да се биде со некој, малку сум шокирана, но… Не мислам тука да обајснувам, бидејќи искрено тоа никого не интересира. Но, искрено, повеќе не можев да ја поднесувам болката“, пишува пејачката.

„На некој телепатски начин добивам толку пораки од пријателите од кои ми се топи срцето и ви се заблагодарувам..“, додава.

Спирс натаму пишува: „Предолго се правам силна и мојот Instagram може да се чини совршено, но тоа е далеку од стварноста и мислам дека сите тоа го знаеме… Би сакала да ги покажам своите емоции и солзи поради тоа како навистина се чувствувам, но поради некоја причина секогаш морав да ги сокривам своите слабости“.

„Ќе бидам силна колку што можам и ќе го сторам најдоброто што можам. Всушност, доста сум добро. Денот нека ви биде добар и не заборавете да се смеете“, заклучува Спирс којашто на Instagram ја следат повеќе од 42 милиони корисници.

Спирс им се обрати на обожавателите откако Ашгари на социјалните мрежи побара од медиумите да бидат добронамерни, истакнувајќи дека двојката ќе ги „чува љубовта и почитувањето“ коишто ги чувствуваат еден кон друг.

Ашгари признава дека „можеби изгледа“ смешно поради тоа што бара приватност, но медиумите ги повика да бидат „добронамерни и внимателни“.

Во документите за развод се наведува дека Ашгари има намера од Спирс да бара финансиска поддршка, односно издршка, и дека сака таа да ги плати неговите адвокати. Вредноста на нивната сопственост, лична и заедничка, допрва треба да биде утврдена.

Двојката се запознала на снимањето на музичкиот спот на Спирс за хитот „Slumber Party“ во 2016 година, ја побарал за жена во септември 2021 година, а се венчаа на скромна церемонија во јуни 2022 година, на којашто меѓу другите присуствуваа и Парис Хилтон, Мадона и Дру Баримор. Ашгари бил голема поддршка за Спирс во текот на нејзиното психијатриско лекување и во долгата и тешка правна битка за завршување на старателството над неа.

За Спирс ова е трет брак. Во 2007 година се разведе од раперот Кевин Федерлин со кој се венча во 2004 и со кој има две деца Шон и Џејден. Во 2004 година се омажи за пријателот од детството Џејсон Александер, но бракот беше поништен по само 55 часа.

Пејачката во октомври ќе ги објави мемоарите под заглавието „Тhe Woman in Me”.