Бритни: Среќна, слободна и гола (ФОТО)

Бритни Спирс вчера оствари голема победа откако судија во Лос Анџелес го суспендираше нејзиниот татко од позицијата старател кој 13 години го контролираше нејзиниот живот.

Пејачката не присуствуваше на сослушувањето, но се огласи на Instagram споделувајќи видео на кое се гледа како управува со авион, што е јасна поврзаност со слободата.

Бритни тогаш одлучи да ја прослави победата на непозната локација на Пацификот со својот вереник Сем Азгари, и отиде чекор понатаму, па на својот профил сподели серија фотографии каде позира гола.

Објавата ја коментираше и нејзиниот вереник Азгари, кој го напиша хаштагот „freethenipple“, алудирајќи и на онлајн кампањата #FreeBritney, која фановите ја започнаа како поддршка на долгогодишната борба на пејачката за независност.

Пејачката подоцна објави видео на кое се гледа како ужива во возење со својот вереник и напиша дека се забавува „како никoгаш во животот“:

Фановите секако се воодушевени и главно коментираат како Бритни сега конечно може да ужива во животот, и дека таа го заслужува тоа.

За потсетување, судијата вчера пресуди дека е „неодржливо“ Џејми Списр да остане на чело на имотот на пејачката, и тој се согласи со адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт, дека е во нејзин „најдобар интерес“ да го тргне од таа позиција.