Во средаа вечерта околу 230 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле двајцата млади скопјани М.Д. и Д.М., на 28-годишна возраст.
При контрола на патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, во селото Бразда, скопско, кое го управувал М.Д., а Д.М. бил сопатник, М.Д. го стартувал возилото и удрил полициски службеник, кој извршувал службени дејства.
Набргу потоа, возилото било сопрено на улицата „Јадранска магистрала“ и при преглед кај двете лица била пронајдена прашкаста материја.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.