Премиерката Ана Брнабиќ оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ помеѓу Србија, Македонија и Албанија е една од најубавите работи што се случија во регионот од пред конфликтите во 1990 -тите.
– Таа е неверојатна и зборува за тоа што можеме да направиме и што би можеле да направиме ако се приклучи целиот Балкан – изјави Брнабиќ во српскиот парламент.
Според директорот на Друштвото за истражување на политиката и политичката теорија, Владимир Павичевиќ, иницијативата „Отворен Балкан“ е најсериозниот проект за мир на Балканот и потенцијален економски напредок на нашиот регион во последните две децении.
– Кој не учествува во овој проект, не ги разбира тековните процеси во нашиот регион или во Европа – објави Павичевиќ на Твитер.