Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мери Брнс ја честиташе историската победа на нашата фудбалска репрезентација над Италија од 1-0 во плеј-оф мечот за Светското првенство во Катар.
„Честитки до фудбалскиот тим на Македонија за големата победа вечерва. Стискаме палци за одличен резултат во следниот натпревар и учество во финалето на СП“, напиша Брнс.