Во последните 24 часа во Македонија со направени 4.373 тестирања на примероци потврдени се 1.031 нов случај на зараза со коронавирусот, а во истиот период како последица на компликациите предизвикани од болеста Covid-19 пријавени се уште 20 смртни исходи, соопшти во саботата Министерството за здравство.
Со овие податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 112.107 заразени, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300 луѓе.
Од 20-те починати лица, најмладата жртва на Covid-19 била на возраст од 50 на највозрасната на 93 години. Од нив девет пациенти од Скопје, три лица од Прилеп, Велес и Битола, по две починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од регистрирани се 1.031 нови коронаинфекции во Скопје се 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Бројот на активни случаи изнесува 11.641.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 49491, активни 5588
Прилеп 6059, активни 854
Куманово 5975, активни 432
Тетово 5768, активни 367
Гостивар 4051, активни 283
Кавадарци 3829, активни 649
Штип 3804, активни 173
Велес 3738, активни 324
Битола 3694, активни 292
Охрид 3554, активни 496
Струмица 2905, активни 213
Струга 2513, активни 184
Кочани 1950, активни 144
Кичево 1824, активни 52
Неготино 1582, активни 421
Гевгелија 1479, активни 307
Свети Николе 1143, активни 39
Крива Паланка 961, активни 146
Ресен 875, активни 81
Дебар 804, активни 17
Радовиш 779, активни 38
Делчево 763, активни 48
Берово 705, активни 62
Пробиштип 585, активни 42
Виница 538, активни 24
Валандово 406, активни 36
Крушево 372, активни 113
Богданци 332, активни 72
Демир Хисар 300, активни 42
Кратово 300, активни 28
Демир Капија 279, активни 48
Македонски Брод 260, активни 9
Пехчево 194, активни 9
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 6