Бројката загинати во експлозијата на цистерна во Сиера Леоне се зголеми близу 110 луѓе

Бројот на загинатите во експлозијата на цистерна со гориво која се судри со камион во Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, достигна 108 лица, објавија во саботата вечерта Националната агенција за управување со несреќи на оваа африканска земја, пренесува агенцијата Xinhua.

Според најновите информации, бројот на загинатите достигнал 108, а уште 92 лица со тешки повредни и изгореници се сместени во повеќе болници во Фритаун. Националната агенција за кризен менаџмент појасни дека експлозијата се случила во доцните ноќни часови во петокот, кога цистерна за бензин се судрила со камион кој превезувал гранитни плочи. Во моментот на несреќата цистерната била полна со гориво.

По сударот и двајца возачи излегле од своите возила, а луѓето кои биле во близина на инцидентот притрчале да го соберат излиеното гориво од цистерната. Во одреден момент, од засега не потврдени причини, дошло до експлозија и избувнал пожар. Повеќето од жртвите се изгорени до непрепознатливост, пренесуваат локалните медиуми кои претходно објавуваа снимки кои прикажуваат тешко изгорени жртви како лежат на улиците.

Претседателот на Сиера Леоне, Џулиус Маада Бион претходно во саботата изрази сочувство на семејствата на настраданите и им вети помош. Подоцна шефот на државата објави дека го откажал патувањето на самитот на Економската заедница на западноаефриканските земји, кој ќе започне в недела на 7-ми новември во Гана.

Смртоносните несреќи во субсахарска Африка претходно веќе однесуваа многу животи на лица кои се собираат за да го собираат излеаното гориво и притоа страдаа во експлозии предизвикани од невнимание. Во 2019 година во експлозија на цистерна на истокот на Танзанија усмрти 85 лица, додека 50 лица загинаа во слична катастрофа во Демократска Република Конго во 2018 година.