Бројката жртви од земјотресите во Турција се зголеми на речиси 50.800

Бројката на потврдените загинати во неколкуте разорни потреси кои во февруари ги погодија Турција и соседна Сирија, според податоците на владата само во Турција се зголемила на 50.782 луѓе.

Меѓу досега официјално регистрираните смртни случаи во земјотресите 7.300 се странски државјани, изјави во саботата за CNNTurk, министерот за внатрешни Сулејман Сојлу.

Два силни земјотреси со магнитуди од 7,7 и 7,6 според Рихтер во интервал од десетина часови на 6-ти февруари ја погодија областа на југоисточна Турција и северна Сирија. Во двете земји вкупно загинаа повеќе од 57.000 луѓе, но се смета дека вистинските бројки се многу повисоки, затоа што сѐ уште не се расчистени сите урнатини, а на сириската страна тешко се добиваат информации од областите кои се контролирани од бунтовниците. Во Турција над два милиона луѓе останаа без домови.

Минатата седмица во бурата која го погоди разорениот регион Кахраманмараш однесени беа шаторите во кои привремено се сместени преживеаните, при што едно лица загина а најмалку 50 беа повредени.

Во пресрет на парламентарните и претседателски избори кои во Турција ќе се одржа на 14-ти мај, министерот Сојлу рече дека во областите погодени од катастрофата ќе бидат преземени безбедносни мерки, но не откри поединости, Додаде дека гласањето ќе се одржи во училишта и во контејнери.