Кениската полиција до неделата ексхумирала 47тела на луѓе за кои семе смета дека биле припадници на христијанска секта коишто верувале дека ќе одат во рајот доколку се изгладнуваат до смрт, известуваат во медиумите.,
Полицијата во петокот започна да ископува посмртни останки на луѓе во шумата Шајахола во близина на крајбрежниот град Малинди.
„Вкупно 47 луѓе умреле во шумата Шакахола. Ексхумациите и натаму траат“, рекол за Reuters полицискиот иследник Чарлс Камау.
Полицијата претходно месецов спасила 15 следбеници на Меѓународната црква на радосната вест (Good News International Church), на коишто им било кажано да се изгладнат до смрт за да се сретнат со Бога. Четири лица починале пред да бидат донесени во болница, соопшти тогаш полицијата.
Водачот на сектата Пол Мекензи Нтенге е уапсен по информациите за појава на плитки гробови во кои е откриено првично 31 тело на негови следбеници.
Локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека Мекензи во полицискиот притвор одбил да зема храна и течности. Според медиумите, Мекензи Нтенге бил уапсен и во март, откако две деца починале од глад, но потоа бил пуштен на слобода со кауција.
Кенискиот министер за внатрешни работи Китуре Киндики изјавил дека целата шума со околу 3.200 квадратни метри е затворена и е прогласена за место на злосторство.
„Оваа грозна црна дамка на нашата совест мора да доведе не само до најстроги казни за сторителите на ова ѕверство над толку невини души, туку и до построга регулација, вклучително и саморегулација, на секоја црвка, џамија, храм или синагога отсега натаму“, порачач Киндики.