Во ЕУ лани е забелажано опоравување во авиосообраќајот според бројот на комерцијални летови, но и натаму е помал во одност на ситуацијата пред пандемијата од 2019 година, објави Еуростат.
Најзначителен пад на бројот на комерцијални летови се забележани во јануари (-34% во споредба со истиот месец во 2019 година), февруари (-33%), март (-27%) и април (-19%). Закрепнување, со најмали падови помеѓу 14% и 16% во однос на 2019 година, е регистрирано меѓу мај и декември. Најдобри месеци во 2022 биле август и октомври со -14% во споредба со периодот пред ковд-пандемијата.
Меѓу членките на ЕУ, Грција е единствената земја која забележа повеќе летови отколку во 2019 година (+1%). Блиску до целосно закрепнување беа Португалија (-4% во споредба со 2019 година), Луксембург (-8%) и Хрватска (-9%).
Најлоша била состојба во Словенија (-41%), Чешка (-35%), Финска (-33%) и Шведска (-31%).
Во 2022 година, поголемиот дел од аеродромите во ЕУ, сè уште бележеле намалување на бројот на комерцијални летови во споредба со 2019 година.
Најголем пад е регистриран на аеродромите во Франкфурт/Мајна (-131 723 комерцијални летови помалку отколку во 2019 година, -33%), Минхен (-130 715, -17%) Дизелдорф (-84 542, -33%) , Копенхаген (-60 520, -38%) и Брисел (-55 824, -45%)