![Coronavirus: Napoli, al via sanificazione delle strade](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/koronavirus-rim.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Вкупниот број случаи на инфекции со новиот сој коронавирус во Италија во последното деноноќие се зголемил за речиси 2.200 лица, додека бројот на жртвите како последица од Covid-19 во последните 24 часа се зголемил за уште 250 починати, соопшти во петокот попладнето началникот на службата за Цивилна заќтите, Анџело Борели.
Во Италија има во моментов 14.955 заболени од коронавирусот, 2.116 повеќе од вчерашниот ден, додека вкупниот број заразаени лица, вклучително и починатите и заздравените од почетокот на ширењето на заразата достигна 17.660 лица, соопшти комесарот за вонредни состојби и шеф на Цивилната служба, Анџело Борели, на редовната прес-конференција.
Додаде дека со 250-те нови жртви во последното деноноќие, во Италија вкупно досега се регистрирани 1.266 смртни случаи од коронавирусот.
Говорејќи за смртните исходи, Борели истакна дека станува збор за лица кои „починале од коронавирусот, а не поради него“.
Според статистичките податоци, речиси 150 смртни случаи во последното деноноќие се регистрирани во северниот регион Ломбардија.
Бројот на тестираните лица на коронавирусот, исто така, се зголемил од 86.000 на 97.000 лица. Бројот на пациентите кои се наоѓаат на одделите за интензивна нега е зголемен денеска за повеќе од сто пациенти, од 1.153 на 1.328 лица.