Бројот на загинати во Албанија се искачи на 46.
Четири тела попладнево се извлечени од под урнатините.
Последните жртви се двајцата близнаци, Диониси и Диониса и нивниот поголем брат Емилијо, кој имал шест години, додека животот го загубила и нивната 31-годишна мајка. Во операцијата за нивно вадење од урнатините учествуваа екипи од странство, пишува Ноа.ал.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 17:15 часот, извлечени се трупови на цело семејство кои спиеле кога се случил земјотресот во зградата која се сруши целосно.
Од 700 повредени, десетмина се во сериозна состојба.
Земјотресот беше со јачина од 6.4 степени по Рихтер, а во изминативе два дена регистрирани се повеќе од 600 афтершокови.
За голем дел од преживеаните нема место во шаторите, и тие ќе ја минат ноќта во своите автомобили. Обезбедна им е храна и вода, но проблем им е студеното време. Владата во средата прогласи вонредна состојба во главниот град Тирана и во вториот по големина град во земјата Драч.
Косовски вицепремиер и шеф на дипломатијата во заминување, Беџет Пацоли донираше милион евра за обновување на подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес во Албанија.