Бројот на починати и заразени во Србија е многу поголем од официјалните бројки

Од 19 март до 1 јуни од Ковид-19 во Србија починале 632 лица, додека официјално беше објавено дека во тој период има 244 смртни случаи. Тоа се наведува во истражување на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН). Тие се повикуваат на документ под наслов „Извештај за Владата“ и увид што го имале новинарите на таа мрежа во официјалниот информативен систем за известување за коронавирусот.

БИРН дознава дека бројот на заразени лица во последните денови е многу поголем отколку што официјално се соопштува – според нивното истражување, меѓу 300 и 340 на ден, додека официјалните бројки биле над 90 на ден.

Како што се наведува, најголема разлика во бројот на смртни случаи има во Клиничкиот центар Ниш, каде официјално починале 77 пациенти, а според изворот на БИРН, има 243 смртни случаи.

Најголем број смртни случаи, дознава БИРН, имало во средината на април – просечно по 20 луѓе дневно, кои биле означени како позитивни за вирусот во базата на податоци. На пример, на 12 април починале 23 лица, а официјално е соопштено за само шест.

Ниту еден од официјалните лица не одговориле на повиците на БИРН за коментар на нивните податоци.

МИА