Бројот на новите смртни случаи од Covid-19 во Италија во саботата изнесувал 415 лица, што е најмал од 17-ти март, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Бројот на новозаразените е најмал во последните пет дена и изнесува 2.357 лица.
Ден претходно бројот на новозаразените изнесуваше 3.021 пациенти, со 420 починати.
Вкупниот број починати од почетокот на епидемијата во Италија кон крајот на февраури во саботата изнесува 26.384 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Со тоа Италија е втората најпогодена држава во светот, по САД.
Во Италија севкупно се регистрирани 195.351 заразени со новиот тип коронавирус, што е најмногу по САД и шпанија.
Бројот на инфицираните во моментов, од петокот од 106.527 падна на 105.487 пациенти и се намалува шести ден по ред. Во Италија вкупно се тестирани 1,187 милиони луѓе, објави споменатата агенција.