Бројот на смртните исходи од заразата со новиот сој коронавирус во централната кинеска комисија Хубери се зголеми на 162 лица, соопшти ноќта кон четвртокот локалниот Комитет за здравствена заштита.
Во соопштението се истакнува дека бројот на починатите во последното деноноќие се зголемил за 37 лица, а вкупниот број заразени лица за 1.032 потврдени случаи, на повеќе од 4.500 пациенти. Од болниците во Хубеи истовремено биле отпуштени десет лица.
Претходно во средата беше објавено дека бројот на заразените со новиот коронавирус на територијата на Кина надминал 6.000 заразени, а бројот на починатите надмина 130 луѓе.
Административниот центар на покраината Хубеи, градот Вухан, беше кон крајот на декември епицентарот на епидемијата од пневмонија предизвикана од новиот сој коронавирус 2019-нКоВ.
Надвор од континентална Кина, зараза со новиот вирус е потврдена во Хонгконг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Австралија, Малезија, Франција и Германија, а Мексико пријави за два сомнителни случаи.