Бројот на починати лица во Црна Гора го надминува бројот на новороденчиња на дневна основа, предупредуваат стручњаците.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во понеделникот во Црна Гора како последица на коронавирусот починале 15 лица, од кои најмладиот имал 25 години.
По тој повод др Небојша Кавариќ повика на „итна и драстична промена на стратегијата за борба против епидемијата“.
На својот фејсбук профил објави фотографија на која се гледа дека во Црна Гора од 2-ри и 8-ми ноември починале 56 лица од коронавирус.