Бројот на продавници за винил плочи во Британија достигна децениски врв

Според Здружението за дигитална забава и малопродажба (ЕРА), бројот на продавници за винил плочи во Велика Британија достигна врв во изминатата деценија.

Групата соопшти дека сега има 461 независна продавница за плочи во Велика Британија, што е за 122 повеќе од пред 10 години, објави Би-Би-Си.

Спротивно на тоа, бројот на продавници кои продаваат музика на аудио носачи во физичка форма, како што се супермаркети и специјализирани синџири, падна за 8.000 во споредба со 2014 година.

ЕРА објави дека музичкиот пазар во Обединетото Кралство лани вредел 2,5 милиони евра (2,2 милијарди фунти), а претплатите за стриминг сочинуваат дури 84 отсто отсто од тоа.

Исто така, побарувачката за винил плочи се зголемила 16-та година по ред, со продадени 6,5 милиони плочи за вкупна продажба од над 200 милиони евра.

Би-Би-Си објави дека 2,2 милиони од тие плочи биле продадени во независни продавници, а 128 милиони евра од вкупната продажба дошле од постари албуми, а не од нови изданија.