За 7,1 отсто е зголемен бројот на смртни случаи во Македонија како последица од компликации предизвикани од болеста Covdi-19 коронавирус во однос на претходната седмица, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје кои се однесуваат за периодот од 28-ми септември до 4-ти октомври.
Според податоците на институтот, во споменатиот период пријавени се 30 смртни случаи.
Во однос на возраста, 24 лица биле во групата над 60 години, а шест лица на возрасната група од 50 до 59 години. Додека 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.
Институтот за јавно здравје соопшти и дека во наведениот период евидентирано е зголемување на бројот на нови случаи во однос на претходната недела од високи 35 проценти.