Бројот на убиените напаѓачи во Косово се искачи на четири

Oбвинителството во Приштина потврди во понеделникот дека е пронајдено безживотно тело на уште еден од осомничените напаѓачи на северот на поранешната српска јужна покраина, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во мнозинскиот српскиот северн дел на Косово, се искачи на четири.

Мртвото тело на напаѓачот е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од десетици вооружени лица ја нападна косовската полиција.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој рече дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.

 „Се обидуваме да го идентификуваме бидејќи во моментот немаше никакви документи за идентификација со себе“, рекол Абази.

Соединетите држави најостро ги осудиja вчерашните „координирани насилни напади“ врз полицијата на Косово во близина на манастирот Бањска и изразуваат длабоко сочувство до семејството на косовскиот полицаец убиен за време на служба.

Како што изјави државниот секретар Ентони Блинкен денеска, „сторителите на ова злосторство мора да бидат повикани на одговорност преку транспарентет процес“.  Тој ги повика Белград и Приштина да се воздржат до секакви акции или запалива реторика.