Најмалку 202 лица загинаа во источната шпанска провинција Валенсија, откако областа ја зафатија силни ветрови и поројните дождови, соопшти регионалната служба за управување со вонредни состојби на X.
Властите претходно објавија дека катастрофата однела 155 животи. Дополнително, уште три лица ги загубија животите во други региони на Шпанија поради лошите временски услови.
На 29 октомври, шпанската државна метеоролошка агенција издаде метеоролошки предупредувања за различни региони на земјата поради обилните дождови. Во јужните и источните делови на Шпанија, каде врнежите се особено интензивни, нивото на опасност е подигнато до максимум. Спасувачите сè уште трагаат по десетици исчезнати лица.
Метеоролошките предупредувања остануваат на сила во одредени области, вклучувајќи ја и Валенсија, од 1 ноември.
Поранешен фудбалер на Валенсија загина во поплавите во Шпанија
Меѓу загинатите во поплавите е и поранешниот играч на „лилјаците“, 28-годишниот Хосе Кастилјехо.
Хосе бил дел од школата на Валенсија за да потоа тргне кон друг пат и биде дел од повеќе помали клубови на Пиринеите за да во 2020 година ја заврши кариерата.