Најмалку 46 луѓе загинаа викендов во силното снежно невреме коешто ги зафати Соединетите држави изминатиот викенд, извести телевизиската мрежа NBC News, прецизирајќи дека коригираните податоци се од ноќта во неделата, како и дека смртните случаи се пријавени во 12 американски сојузни држави: Висконсин, Илиноис, Канзас, Кентаки, Колорадо, Мисури, Мичиген, Небраска, Њујорк, Охајо, Оклахома и Тенеси.
Според официјални податоци најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк, каде што животот го загубиле 12 лица. Четири лица загинаа во Канада кога автобус се преврте при движење на замрзнат коловоз кај градот Мерит, во западната провинција Британска Колумбија.
Силна зимска бура го зафати североамериканскиот контитнет, од Канада на север до Рио Гранде на југ. Синоптичарите очекуват невремето да попушти следните неколку дена, но останува советот да се избегнува патување доколку не е апсолутно неопходно.
Помалку од 200 илјади домаќинства останаа без електрична енергија вчера попладнето, што е многу подобро октолку ситуацијата во саботата кога без струја беа 1,7 милиони објекти. Илјадници летови беа откажани, спречувајќи многу луѓе да стигнат до своите семејства за Божик.
Најпогодена со невремето е западната американска држава Монтана, каде температурата се спушти и до 45 степени Целзиусови под нулата. Во Канада, невремето најмногу ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.
Голем дел од загубите на животи беа концентрирани во и околу Бафало, на работ на езерото Ири во западниот дел на Њујорк, бидејќи голeмиот студ и обилниот снег од езерскиот ефект – кој настанува од минувањето на студениот воздух над потоплите езерски води – траеше во текот на празничниот викенд.
Извршниот директор на округот Ири, Марк Полонкарц, рече дека потврдениот биланс на загинати од невремето се искачи на 12 во неделата, бидејќи уште три смртни случаи беа пријавени во текот на ноќта во регионот Бафало. Најновите жртви вклучуваат некои пронајдени во автомобили, а некои во снежни наноси, рече Полонкарц, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.
И покрај забраната за возење која е на сила од петокот, стотици возачи во округот Ири беа заглавени во своите возила во текот на викендот а членовите на Националната гарда беа повикани да помогнат во спасувањето комплицирано од екстремните услови за заситување и обилниот снег, рече Полонкарц.
Тежината на невремето беше забележлива дури и за регион навикнат на сурови зимски услови.
Невремето се пресели на исток во неделата, откако остави дури 1,5 милиони клиенти без струја и принуди да се откажат илјадници комерцијални летови за време на зафатената сезона на празници кон крајот на минатата недела.
Повеќе од 150.000 домови и бизниси во САД беа без струја во неделата, што е голем пад од 1,8 милиони што беа без струја рано во саботата. Во Бафало, 16 отсто од жителите беа без струја во неделата, соопштија официјални лица.
Во Канада, струјата беше исклучена и за најмалку 140.000 корисници на комунални услуги, главно во провинциите Онтарио и Квебек, кои беа тешко погодени од истиот временски систем што го прекри западен Њујорк со снег.
Повеќе од 1.700 летови во Соединетите држави се откажани од пладне во неделата, според следењето на летови FlightAware.
Температурите на Божик беа далеку под просекот во централниот и источниот дел на САД, а под нулата дури на југ до брегот на Заливот, рече метеорологот Рич Ото на Националната метеоролошка служба.