Бројот на загинатите во снежната бура во САД се искачи на 57, случаи на грабежи

Бројот на луѓето коишто ги загубиле животите во силната снежна бура во САД се искачи на 57, извести во вторникот телевизиската мрежа NBC News сумирајќи ги извештаите од властите на 12 сојузни држави: Висконсин, Илиноис, Канзас, Кентаки, Колорадо, Мисури, Мичиген, Небраска, Њујорк, Охајо, Оклахома и Тенеси.

„Гледаме одредена светлина на крајот на тунелот, но сѐ уште не е завршено“, изјави Марк Полонкарц, извршен директор на округот Ири во сојузната држава Њу Јорк, во кој американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот прогласи вонредна состојба поради временската непогода.

Од минатата седмица значителен дел од САД се под ударот на речиси апокалиптичните временски услови со силни налето на ветер, рекордно ниски температури и обилни снежни врнежи. Тоа предизвика во текот на празничниот продолжен викенд во време на зголемениот обем на патувања во земјата од саботата се откажани повеќе од десет илјади летови.

Предупредувањата за тешките временски услови кои ги загрозуваат животите на граѓаните опфатија 175 милиони Американци во централните и источните региони на земјата. Според синоптичарите, лошите временски услови ќе потраат сигурно до крајот на работната седмица.

Случаи на грабежи се случија во градот Бафало, во сојузната држава во Њујорк по снежната бура во текот на викендот, објави локалната телевизиска мрежа WIVB.

„Судејќи според фотографиите објавени на социјалните мрежи, ограбувачите не земаат храна или лекови, туку само трагаат по предмети кои им се допаѓаат или имаат поголема вредност. Имаме работа со луѓе кои не се во неволја, туку со оние кои ги користат природната стихија и страдањата на многу други луѓе“, го цитира телевизијата градоначалникот на Бафало, Бајрон Браун.

„Луѓето кои се занимаваат со мародерство додека другите гинат во страшната зимска бура, заслужуваат секаква осуда“, додал Браун.

Началникот на полицијата во Бафало, Џозеф Грамаља, потврди дека полициските патроли веќе уапсиле неколку лица кои биле затекнати во ограбувања на разни дуќани, возила и приватни куќи.