Бројот на загинатите во уривањето на 21-катната зграда во понеделникот во најголемиот нигерски град Лагос се зголеми во вторникот на 20, а се стравува дека оваа бројка ќе се зголеми бидејќи се претпоставува дека под урнатините има уште настрадани, пренесува во вторникот агенцијата AFP повикувајќи се на службите за итни случаи.
„Пронајдовме уште пет тела, со што бројот на загинатите се искачи на 20. Имаме и девете преживеани“, изјави за агенцијата портпаролот на Државната агенција за вонредни состојби на Нигерија, Ибрахим Фаринлоје. Неговиот претходен извештај говореше за 15 загинати.
Гувернерот на сојузната држава Лагос, Бабаџиде Санво-Олу изјави дека го отсранил од функцијата шефот на регионалната агенциа за регулирање на градежништвото и наредил истрага за трагедијата. Роднините на работниците кои биле во зградата во моментот на уривањето и во вторникот со себираат на местото на несреќата очекувајќи ги информациите од спасувачките служби кои продолжуваат со потрагата.
Како што претходно објави нигерискиот инфромативен портал PM News, 21-катницата во изградба во мондекскиот кварт Икоје во Лагос се урнала во понеделникот. Според електронскиот медиуми, очевидци тврдат дека најмалку 50 луѓе би можело да се наоѓаат под урнатините.
Уривањето згради е релативно често во Лагос, најголемиот нигериски град со население од околу 20 милиони жители, поради слабото почитување на прописите, како и поради градежниот материјал кој е често со лош квалитет. Во текот на 2019 година, десетици лица загинаа во уривање на две одделни згради. Експерт тогаш изјави за CNN дека во Лагос се загрозени повеќе од 1.000 згради.