Фактот дека интензитетот на заразени паѓа во разни европски земји, дава надеж дека состојбата со пандемијата во некои делови на континентот се подобрува и е сигнал дека строгите мерки даваат резултати. По неколку дена пад на бројот на починати во дно денонокие во Шпанија, за 24 часа починаа 743 заразени. Бројот на нови случаи е 5.500, што е помал во споредба со 7.000 случаи потврдени во саботата.
Иако Шпанија е веќе во четврта недела од државен карантин, премиерот Пендро Санчез рече дека е рано да се укине мерката, иако Шпанија е во позиција да „направи пресврт“. Во Италија бројот на починати е 525. Италијанските власти соопштија дека државата го надминала „врвот“ на вирусот, но тешките моменти не се завршени.
Тие веруваат дека илјадници животи се спасени преку физичка дистанца. Германија исто така известува за намалување на бројот на дневни случаи на заразени. Додека Австрија, која после три недели државен карантин успеа значително да го намали бројот на дневни заразени, одлучи постепено да ги ублажи превентивните мерки.
Од друга страна, Франција и Велика Британија се чини дека се соочуваат со „врвот“ на вирусот. Франција во еден дена регистрираше 833 жртви во болници и старски домови. За ова, министерот за здравство, најави операција за тестирање во домовите за нега, потенцирајќи дека државата е далеку од крајот на заразени.
Британската влада соопшто дека премиерот Борис Џонсон е во стабилна состојба, откако синоќа е префрлен на интензивна нега. Тој не е на респиратор и нема пневмонија рече неговиот портпарол.
Денес Белгија објави повеќе од 400 дневни смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 2.035. Соединетите држави продолжуваат да се на врвот на листата со најмногу заразени во светот, со 30.000 случаи на заразени во последните 24 часа и 1.150 жртви.
Во Кина, од друга страна, веќе два дена по ред нема регистрирани жртви. Во земјата на потекло на вирсуот има само околу 1200 случаи. Најголемата здравствена организација во светот претходно ги предупреди државите да не брзаат да ги укинат превентивните мерки, бидејќи последиците би можеле да бидат уште посериозни. Панедмијата влијае и врз европската економија. Министрите за финансии на ЕУ се среќаваат онлајн за да се најде решение за, како што го нарече германската канцеларка Ангела Меркел, „најтешкиот тест за ЕУ уште од своето основање“.