Бројот на заразените со коронавирус во светот надмина 4,6 милиони луѓе

2020 (EUROKINISSI)

Бројот на заразените со новиот коронавирус во светот се зголеми за над 93.000 на дневно ниво, приближувајќи се до вкупно 4,62 милиони, додека бројот на починатите во последното деноноќие пораснал за над четири илјади и надмина 311.000 луѓе, соопшти во понеделникот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Според најновите податоци на споменатата агенција на ОН, во последните 24 часа се регистриrани 93,324 случаи на заболување од распираторната болест Covid-19, a починале 4.452 пациенти. Со тоа, вкупниот број потврдени случаи на зараза со коронавирусот во светот изнесува 4.618.821, а севкупниот број починати е 311.847 пациенти.

Регионот на Северна и Јужна Америка е водечки според бројот на заразените – 2.017.811 лица, а во текот на последните 24 часа забележан е раст од 50.879 пациенти. Бројот на починатите, пак, се зголмил за 2.810 и достигнал 121.609 лица.

Следува Европа каде што има севкупно 1.890.467 заразени и 167.173 смртни исходи. Во последните 24 часа бројот на заразените се зголемил за 19.922 пациенти, и 1.222 смртни случаи.

Трет на оваа табела е Источно-медитеранскиот регион. Според состојбата од 18-ти мај вечерта по македонско време, во овој регион досега се потврдени 338.560 случаи на зараза со коронавирусот, и 9.979 починати. Во последното деноноќие бројот на заразените се зголемила за 11.992 лица, а 138 пациенит починале.