Бројот на заразените со коронавирусот во светот надмина 15 милиони

2020 (EUROKINISSI)

Во светот има повеќе од 15 милиони луѓе кои се заразени со новиот коронавирус SARS-CoV-2, според податоците коишто ги обработува агенцијата Reuters, а пандемијата се забрзува додека земјите и натаму се поделени во своите одговори на кризата.

Во САД, кои имаат 3,91 милиони заразани што е најмногу го светот, претседателот Доналд Трамп предупреди „Веројатно состојбата, за жал, ќе се влоши попрво околку што ќе се подобри“.

Најмногу заразеи и натаму има во Бразил, Индија, Јужна Африка, Русија… Но податоците на Reuters покажуваат дека болеста најмноги забрзала во Северна и Јужна Америка, на коишто отпаѓаат повеќе од половината од вкупно заразените и повеќе од вкупно од починатите од Covid-19 во светот.

Глобално гледано, стапката на новозаразените не покажува знаци на забавување, според агенциајта која своите податоци ги темели на официјалните извештаи.

Откако на почетокот од јануари во кинески Вухан беше потврден првиот случај на новото заболување Covid-19, беа потребни 15 седмици бројката заразени да стаса до 2 милиона. Наспроти тоа, беа потребни само осум дена од 13 милиони, колку што имаше заразени на 13-ти јули, бројот на коронаинфицираните да надмине 15 милиони.

Здравствените експерти истакнуваат дека земјите речиси сигурно во официјалните податоци не ги пријавувале вистинските бројки на заразени и смртни исходи, особено оние кои имаат ограничени можности за масовни тестирања.

Официјалната бројка од 15.009.213 заразен најмалку е трипати поголема од годишната бројка на заразените со грип, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), а бројот на починатите од повеќе од 616.000 за седум месеци е блиску горниот плафон на починатите од грип во една година.