Бројот на случаите на зараза со новиот тип коронавирус надмина два милиона луѓе а од Covid-19 заздравеле над 500.000, соопшти во средата американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, кој води пресметки врз база на официјалните податоци од националните влади ширум светот.
Според последните податоци на универзитетот од 17 часот по македонско време, бројот на заразените во светот изнесува 2.000.984 лица, од кои починале веќе 128.011 луѓе.
Од оваа бројка заразени, најмалку половината отпаѓа на Европа каде до 11 часот во средата беа забележани 1.010,896 случаи на заразата, од кои 85.272 со смртен исход, па така „Стариот“ е најпогодениот континент на планетата од пандемијата на Covid-19.
Најзафатени се Италија, Шпанија, Франција и Германија од кои сеоја има преку 100.000 заразени на своите територии според пладневните податоци а вечерва се очекуваат новите, додека Велика Британија се приближува на оваа бројка и последните денови бележи најмногу нови случаи.
До пладнето во Европа беа потврдени 85.272 починати на 1.010.896 заболени, САД и Канада имаа 26.983 починати на 656.413 заболени, Азија бележеше 5.218 починати на 147.564 заболени, на Блискиот исток имаше 5.135 починати на 108.791 заболени, Латинска Америка и Карибите пријавија 3.343 починати на 73.673 болни, Африка има 869 смртни исходи на 16.215 заболени а Океанија 78 починати на 7.652 заболени.