Бројот на заразенити со коронавирус БиХ значително паднал на дневно ниво, но нови 11 починати

Бројот на новозаразените со коронавирусот соопштен во понеделникот во Босна и Херцеговина е повторно остро намален, со потврдени 127 случаи, но тоа е резултат во прв ред на фактот што во текот на викендите се прават многу помалку тестирања, додека бројот на смртни исходи како последница на коронаинфекцијата во последните 24 часа достигнал 11 починати.

Во петокот беа потврдени 364 нови заразени лица со вирусот SARS-CoV-2, за во текот на викендот оваа бројка значително да се намали. Во понеденилникот 90 случаи на коронавирусот се потврдени во Република Српска каде се тестирани 718 примероци, а во Федерацијата БиХ од тестирани 779 лица позитивни биле 35 и уште две во Дистриктот Брчко.

Во последните 24 часа во Федерацијата БиХ од последици на заразата со коронавирусот починале девет лица, а во Република Српска се потврдени две летални исхода.

Од појавата на коронавирусот во Босна и Херцеговина, бројот на заразените надмина 18.000, додека починале 537 лица.